Абас на удар на Хамас

Хамас остро го критикуваше палестинскиот претседател Махмуд Абас затоа што присуствувал на погребот на поранешниот претседател на Израел, Шимон Перес, означувајќи го како Евреин, со порака дека би требало „да му се придружи на Перес во пеколот“.

„Тој човек кој тврди дека го претставува палестинското јавно мислење по верските стандарди е Евреин. По милионити пат: Тој не не претставува нас, тој е креација на Израел“, изјави Махмуд ал-Захар.

Абас, водачот на секуларниот Фатах, во петокот присуствуваше на погребот на Перес во Ерусалим, на чело на делегацијата составена од тројца официјални лица од палестинската управа, вклучувајќи го некогаш главниот преговарач со Израел, Саеб Ерекат, генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

Абас не жали што присуствувал на погребот на кој присуствувале 80 светски лидери. Отишол во Ерусалим, изјавил, затоа што многу го почитувал Перес.

abas-netanjahu

Палестинскиот претседател и премиерот Бенјамин Нетанјаху се поздравија на погребот и кусо разговараа.

Абас не бил во Ерусалим од 2010 година, кога официјално се сретна со Нетанјаху. Двајцата лидери се поздравија и во ноември минатата година на самитот за климата во Парис, а директните израелско-палестински преговори за мирот доживеаја неуспех уште пред тоа, во април 2014 година.