Агим Ибраими потпиша за словенечки Домжале

 

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Агим Ибраими се врати во словенечкиот фудбалски шампионат и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Домжале. Тој потпиша договор на една ипол година и вели дека е пресреќен што ќе го носи дресот на Домжале.

„ Домжале е вистинскиот клуб за мене. Сакам да се вратам во ритам и ветувам дека ќе го дадам максимумот за овој клуб“, изјави Ибраими на промоцијата.

Агим Ибраими во својата кариера настапуваше за  Шкендија, Салцбург, Олимпија Љубљана, Ешкишехиспор, Нафта, Марибор, Каљари и Астана.