Агуеро на листата на желби на Реал

Реал Мадрид планира една „бомба“ на зима, а англиските медиуми откриваат дека Шпанците би можеле од Манчестер Сити да го откупат Серхио Агуеро.

Аргентинецот не е многу среќен на „Етихад“, а Реал Мадрид сака адекватно да се засили додека Арбитражниот суд во Лозана не ја донесе конечната одлука во врска со суспензијата за купување играчи, која им ја изрече ФИФА.