,,Адидас“ открива дека Ибрахимовиќ и во новата сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед

 

 

Производителот на спортска опрема, германската компанија “Адидас” , предвреме откри дека Златан Ибрахимовиќ и во новата сезона ќе го  носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Имено, иако шведскиот фудбалер се уште не го продолжил договорот за “црвените  ѓаволи”,  на сајтот на официјалната продавница за онлајн продажба на “Адидас” веќе е понуден дресот со името на Златан Ибрахимовиќ со бројот 10 .

Минатата сезона тој го носеше дресот со  бројот девет, но оваа година овој број ќе му припадне на новото засилување Ромелу Лукаку.

Инаку, се очекува Ибрахимовиќ до крајот на оваа недела да стави потпис на нов едногодишен договор за Манчестер Јунајтед.