Азаренка поради борбата за старателство за својот син нема да игра на US Open

Поранешната прва тенисерка на светот Викторија Азаренка, нема да игра на Отвореното првенство на Америка заради својот син.

Имено, белоруската тенисерка води борба за старателство над својот син со нејзиниот поранешен партнер Били Меккеги, а судот наложил дека детето не може да ја напушти државата додека не заврши процесот.
Таа нема намера да патува во Њујорк без својот син.

Азаренка не настапи ниту на Синсинати заради семејните проблеми. Таа е 204 на ВТА листата.