Актерски награди за политички пораки

Emma Stone i Denzel Washington во  Los Angeles, ја добија главната награда на филмските и телевизиски актери (SAG). Оваа награда со години е главен показател како ќе се движи наградувањето на најпрестрижната манифестација Оскар.

Ема Стоун ја доби оваа награда за најдобра женска улога во мјузиклот La La Land, а Дензел Вошингтон за главна машка улога во филмот  Fences, што беше под негова режисерска палка.

Манифестацијата за доделување на наградата за најдобри филмски и телевизиски актери беше искористена филмските ѕвезди да упатат политички пораки, главно несогласување со последните потези на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ема Стоун примајќи ја наградата рече дека живеат во многу сложени времиња и она што се случува во моментот во америка бара акција, рече таа.