Активист во задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Австралија казнет за експлоатација на работници

Благојче (Bill)  Донески од Перт, Австралија, инаку долгогодишен активист на ВМРО ДПМНЕ во задграничниот комитет,  е осуден за експлоатација на работници и казнет со рекордни 306.000 долари .

Донески во својата компанија за чистење, ,,вработувал“ млади работници од странство, кои имаат привремени работни визи во Австралија, претежно студенти од Јужна Кореја , Индија, но и од Велика Британија.

Судија во судот во Перт, го прогласи Донески за виновен, притоа остро критикувајќи го и него и неговата компанија за ,,озлогласеност“ при искористување на луѓето.

Благојче Донески е казнет од Федералниот окружен суд со  51.000 долари , а неговата компанија Goldfinger Facility Management со 255.000 долари.

Неговата компанија имала договори за чистење со хотели во Перт, а инспекциските служби затекнале четири млади луѓе , тројца од Јужна Кореја и еден од Велика Британија, во понижувачка состојба и без плата .