,,Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку ѝ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“ Со оваа порака на својот Твитер налог се огласи поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, по говорот на нејзината...
  ,,Почитуван Христијан, Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека  можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно.  Овој договор бараше компромис и од...
Отако трае дебатата за уставните промени во Собрание, едвај десетина повозрасни граѓани ја блокираат речиси цел ден главната артерија на градот, улицата пред законодавниот дом. Цивил-граѓански новинари, известуваат дека неколкумина мажи нападнале момче на велосипед кое поминувало тука.
Заменичката претседателка на Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, одржаа прес конференција во Владата на Република Македонија, како членови на Комитетот за интеграција во НАТО, и членови на Работниот комитет за интеграција во НАТО, информираа за официјалниот старт на пристапните разговори на нашата...
Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Драган Данев, го прочита барањето на неговиот лидер Христијан Мицкоски, да се обрати пред пратениците кои расправаат за уставни измени согласно Договорот од Преспа. Претседателот на Собрание, Талат Џафери, рече дека нема основа да го покани Христијан Мицкоски да се обрати во Собранито, со оглед на тоа дека не е пратеник и...
,,Не ми паѓа на памет да влијаам на институциите, кога реков дека треба да се помириме меѓу себе, но нам помирување и простување ни е потребно за да можеме да продолжиме да живееме заедно“-рече премиерот Зоран Заев од собраниска говорница одговарајќи на барањето на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Крсто Јовановски, да седнат со Мицкоски, и да договорат како понатаму. Јовановски...
Порталот Охрид 1, објави интересна компилација од еден ист говор, но прочитан од двајца градоначалници, еднаш во 2013, па потоа во 2017. Порталот открива и дека во Општина Охрид има десетина портпароли: ,,Никој од десетината вработени портпароли нема да сноси одговорност за тоа што препишувале говори јавно читани од други лица и му ги давале да ги чита сегашниот градоначалник на...
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во Хрватска. Роден е на 25 јануари 1981 во Прилеп. Беше омилен пејач на балканските простори со неверојатни гласовни можности. За време на својот живот често настапуваше на Телма , а  песните со Наум Петрески се испеани во живо за потребите на новогодишната програма. Видео материјалите се преземени од Youtube
Врвот на Руската православна црква соопшти дека на соборот одржан денеска во  Минск е донесена одлука да се прекине натамошната соработка со Вселенската патријаршија, откако тие ја признаа автокефалноста на Украинската православна црква. Руската православна црква се закани дека ќе му се одмазди на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со седиште во Истанбул заради одлуката да прогласи самостојност на украинската црква од...
,,50-тина луѓе со месеци се предмет на политички прогон  со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возврат да бара поддршка за договорот со Грција за преименување на Република Македонија. Со месеци луѓе се држат во притвор, пратеници, уметници, обични граѓани беа жигосувани за терористи. Невини луѓе станаа жртва на прогонот на Заев. Ова јасно покажува...

Во Фокусот

Последни вести

Избор на авторот