Акциите на Комерцијална банка се најтргувани на берза

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во среда(10.11.2016)  се најде на врвот на тргување на МБ со остварени 12,474 милиони денари или учество од 51,60 отсто во вкупниот промет од 24.172.096,99 денари.

Во текот на тргувањето истиот ден, повторно беа направени блок трансакции со акците на Макпетрол АД.

Беше реализиран промет во вредност од над три милиона денари и истргувани 123 акции по цена од 25.333 денари преку две блок трансакции. Оваа акција воедно се најде и на второто место по вкупно остварен промет со учество од околу 14 отсто.

Најголем раст на вредноста од 3,33 проценти со истргувани 15 акции по просечна цена од 1.550 денари забележа акцијата на Кјуби Скопје, а по неа се рангираше акцијата на Стопанска АД Скопје со раст од 2,69 отсто, и просечна цена од 698,28 денари.

Наспроти нив на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од (-2,94 отсто) акција на Топлификација АД Скопје, а по неа следеа акциите на Житолукс АД Скопје со пад од (-1,19 отсто) и Комерцијална банка АД Скопје со пад од (-0,66 отсто).

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,20 отсто, и изнесуваше 2.105,26 индексни поени, додека пак индексот остана непроменет.

Извор Макфакс