Алармантно:Загаденоста на воздухот опасна за здравјето и животот

Концентрацијата на ПМ честичките кои настануваат заради прашина од градежни работи, прекумерно користење возила, греење на дрва, јаглен и нафта, фабрики и друго ја достигнаа својата енормна концентрација на повеќе пунктови во Скопје. Најзагадено е кај Ректоратот дури со 754 пм честички на метар кубен, што е навистина неверојатна концентрација која не е опасна само за здравјето во моментот, туку и за животот. И другите концентрации во Куманово и Тетово со 618 пм честички се опасно високи:

kumanovo               lisie

 

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена.

Светската банка во студијата „Зелен раст“ процени дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Земјата е и на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух. Поточно, според Светска банка аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно, а македонската економија трпи штети од 253 милиони евра како резултат на високиот број случаи на прерана смрт, трошоци во здравството, намалената продуктивност на населението и отсуството од работните места на граѓаните.

Од здравствените институции деновиве известуваат дека амбулантите се преполни со луѓе што се жалат на отежнато дишење, болки во градите, вртоглавици, нагон за повраќање. На удар се респираторните органи како последица од прекумерното загадување, кое државните институции ниту се кадарни да го превенираат , а уште помалку да го спречат.

АКО.МК актуелно-објективно