Албанскиот премиер Еди Рама највува заеднички амбасади со Косово

Албанскиот премиер Еди Рама најавил дека порано или подоцна , Албанија и Косово ќе имаат и заеднички амбасади, не само конзуларни служби. Оваа негова идеја ја правда со намалување на трошоците.

,,Ако во тоа некој гледа Голема Албанија, тогаш тоа е негов проблем. Ова не е Голема Албанија“-изјавил Рама, пренесува приштинскиот весник Коха диторе.

Според Рама, на овој начин драстично ќе се намалат трошоците, но и ќе се зближат луѓето меѓусебно.