Албанскиот Претседател го предупредил Иванов за последиците од етничка криза во Македонија

Албанскиот претседател Бујар Нишани го предупредил Ѓорге Иванов на средбата во азербејџанскиот главен град Баку, да не се обидуваат политичката криза во Македонија да  ја претворат во етничка. Ова го соопшти кабинетот на Нишани веднаш по разговорите меѓу двајцата Претседатели на маргините на економскиот самит, наведувајќи дека ,,обидите политичката криза да ја направат етничка може да има големи последици за сите во регионот“, се наведува во соопштението.