Албански хакери во знак на одмазда ги урнаа сајтовите на Кривичен и Врховен суд

 

Албански хакери, кои се претставуваат како „Anonymos Albania“, објавија дека ги урнале сајтовите суд.мк  и сајтот на Врховен суд, во знак на одмазда за донесените пресуди за Дива Населба.

Овие сајтови во моментот се недостапни.

Последните денови хакерите изведоа напади на  грчките и српските веб-сајтови, како  владини, така и на медиумски портали, сега на нејзината листата ја додадоа и македонската држава, пишува порталот infoshqip.com.

 

Албанските хакери, планираат големи сајбер напади, на историските датуми за Албанија, 28/29 ноември (Денот на независноста на Албанија), врз сајтовите на трите споменати држави, пишува порталот.

„Веб-страниците на Основниот Суд и на Врховниот Суд на Македонија се….(DOWN) Оваа е знак на протест од нас до вас. Ослободете ги јунаците од Куманово. Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania” … За одбрана на албанскиот народ… За голема Албанија“, наведуваат хакерите во пораката на социјалните мрежи.