Александар Вучиќ ќе биде кандидат за Претседател на Србија

Српска напредна странка на актуелниот премиер на Србија Александар Вучиќ донесе едногласна одлука тој да биде кандидат за Претседател на претстојните претседателски избори . Иако овој исход е очекуван со оглед на изјавите на челниците на СНС дека само Вучиќ може да однесе победа во првиот круг, сепак е и своевидно изненадување.

Вучиќ има голем рејтинг во моментот и како Премиер, а претседателската функција во Србија е повеќе протокаларна без големо уставно влијание во политичкиот живот.

Со ова актуелниот Претседател Томислав Николиќ не доби шанса од СНС за уште еден мандат.