Александар Диневски од затвор е хоспитализиран заради влошена здравствена состојба

Заради потребата од континуирана здравствена терапија и влошување на здравствената состојба, поранешниот разузнавач Александра Диневски е пренесен на лекување во болничка установа. Тој завчера беше стражарно спроведен на дослужување на казна затвор за случајот ,,Шпион“.

Диневски 2014 беше осуден на 4 и пол години казна затвор, за наводно злосторничко здружување, оддавање службени информации и државна тајна. Тој никогаш не ја призна својата вина за овој случај.

Диневски, околу две години се држеше во притвор во многу лоша здравствена состојба, беше и хоспитализран на скопските клиники, а семејството повеќе пати алармираше за неговата состојба. Тој има проблеми со дишењето како и сериозни срцеви проблеми. Диневски во 2014  година штрајкуваше и со глад.

Во аферара „Шпион“ беа обвинети 19 лица.На деветмина обвинети што добија повисоки затворски казни, судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, а на петмина притворот им е укинат и заменет со алтернативни мерки.

Диневски од 2016 се бранеше од слобода, но  по преземањето на случајот од СЈО минатата година и нивното барање да се намалат казните на осудените во ,,Шпион“, оваа пролет Врховен суд пресуди дека треба да оди на дослужување на казната во траење од година и пол.