35-годишниот Александар Миновски, кој загина на Кајмакчалан заедно со Калина Велевска, освои многу планински пространства и врвови, не само во Македонија, туку и низ Европа. Тоа и патувањата, биле негова животна страст…

 

,,Оваа среда, на 6.7.2016 година, во утринските часови мешана планинарска екипа водена од ПК Македон успешно се искачи на највисокиот врв на Алпите Мон Блан 4810 м.н.в.

Акцијата беше започната од италијанската страна на масивот каде екипата направи аклиматизационо искачување на врвот Брајтхорн (4165 м.н.в.) кој се наоѓа во близина на Матерхорн.

Оттаму следеше искачување од долината Вал вени до домот Гонела (3070 м.н.в), а на 6 јули на полноќ групата тргна во правец на бивакот Валот каде што се спојува со класичната француска рута.

Во утринските часови во одлични временски услови, осумчлената група составена од Марија Смокварска, Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Игор Делов, Дејан Тодевски, Игор Јовановски, Александар Миновски, Дејан Кировски, успешно се искачи на врвот, пишуваа тогаш некои специјализирани портали , меѓу кои и http://karas4training.com .

Александар Миновски(35) и Калина Велевска(27) загинаа на Кајмакчалан, откако зафатени со големо невреме, ветер и магла, се одвоиле од групата и заскитале на грчка територија каде паднале во бездна.

Нивните тела беа извлечени од грчките спасувачки екипи.

АКО.мк