Амбасадорот во Панама поднесе оставка бидејќи не може повеќе да му служи на Трамп

Џон Фили, амбасадор на САД во Панама, поднесе оставка со образложение дека не може да му служи повеќе на претседателот Доналд Трамп. Дипломатот од кариера и поранешен воен пилот во образложението напишал:

“Како млад офицер на надворешно-политичката служба, дадов заклетва дека верно ќе му служам на американскиот претседател, па дури кога нема да се согласувам со одредени негови политики. Оние што ме обучуваа , ми ставија до знаење дека ако почнам да верувам дека не сум во состојба тоа да го правам веќе, имам обврска да се повлечам. Тој момент е дојден сега“, пишува Фили во писмото до СД.