Амбасадорот Тимоние вчера цел ден се досадувал како набљудувач на изборниот процес

Францускиот амбасадор во Македонија смета дека вчерашниот изборен ден поминал во мирна и демократска атмосфера. Тој рече дека како набљудувач имал здодевен ден, затоа што било мирно и немал што да прави:

,,Јас вчера бев набљудувач и најчесто во текот на денот се досадувавме. И бев среќен што се досадувавме , но  сепак претстои се уште простор за одредени напредоци. Затоа што и старите земји членки на Европа понекогаш се соочуваат со потешкотии во текот на изборите. Но, сепак има правни рамки кои овозможуваат да се надминат сите тие потешкотии. Со тоа се покажува дека Македонија освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили си ја одигруваат улогата којашто им припаѓа, односно, од една страна имаме мнозинска Влада која треба да си ја одигрува својата улога, но исто така од друга страна и демократска опозиција“ – оцени Кристијан Тимоние.