Амди Бајрам шоу во Охрид

Како и досега, коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ Амди Бајрам имаше свое ,,шоу ,, на митингот во Охрид, каде беше пречекан со скандирање од присутните. Облечен во бунда , ги смееше дури и првите луѓе на партијата.

,, Специјален кафез спремам со еден зајак од три метара висок, ќе го донесам на бина на најголемиот митинг и ќе му покажам кај се наоѓа тој зајко, каде му е место. Таму му е местото, а не да биде премиер на Македонија. Каков премиер какви бакрачи ,,- рече Бајрам.

,, Кој, тие шарени бе, кој,тие се што упропастија бе? Тие ли ќе ја водат Македонија бе? Наркомани ли ќе ја водат Македонија? Педофили ли?,, -викеше Бајрам расположувајќи ги присутните, посебно тие во првите редови.

%d0%b0%d0%bc%d0%b4%d0%b8

Амди Бајрам повторно , преку заедничка листа атакува на уште еден пратенички мандат.