Американска треска

Во Америка владее вистинска политичка треска, пред првата телевизиска дебата меѓу претседателските кандидати демократскиот Хилари Клинтон и републиканскиот Доналд Трамп. Според истражувањата се очекува ова да биде најгледаната претседателска дебата досега. Претседателските кандидати дури сега почнаа да откриваат со какви ,,адути” ќе настапат, пред се, од арсеналот- ниски удари под појасот. Американските медиуми јавуваат дека Трамп на својот твитер налог објавил дека ќе ја покани во публиката да присуствува поранешната љубовница на сопругот на Хилари, Бил.

tvit-f1

Личниот асистент на манекенката Џенифер Флауерс (Gennifer Flowers), потврдил дека таа ќе дојде да ја следи дебатата.

dzenifer-flauers-f2

Претходно, од изборниот штаб на Клинтон објавија дека го поканиле милијардерот Марк Кубан (Mark Cuban), кој е голем критичар на Трамп.

101867402-mark-cuban-1910x1000

Американските медиуми се преокупирани со првата телевизиска дебата меѓу Клинтон и Трамп, а политичките аналитичари не се симнуваат од екраните на тв станиците. Главно ги соопштуваат своите очекувања, но и често даваат совети како да се однесуваат претседателските кандидати и на што главно да внимаваат. Подржувачите на Трамп страхуваат дека тој може да експлодира доколку Хилари го испровоцира, додека пак оние што ја преферираат Клинтон укажуваат дека Доналд може да биде дрзок и непријатен.