Американскиот амбасадор Џес Бејли ,,влезе“ во Сител

Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва имаше интервју на телевизија Сител, каде изминатиот период е ,,редовен гостин“ во вестите, како една од најнапаѓаната личност виновна за сите неволји на ВМРО ДПМНЕ.

Тој одбра токму на оваа телевизија да прифати интервју и без ракавици, да одговори на сите прашања што ги мачат дел од новинарите на оваа тв куќа.

Па така, американскиот амбасадор смета дека СЈО мора да продолжи да работи, затоа што кога се потпишуваше договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство , никој не беше свесен со колкав материјал ќе се соочи оваа институција, а важно е од неа да произлезат факти, рече Бејли во интервју за Сител.

Според него, институцијата се соочи со пречки и отежната соработка, а тоа е само една од причините зошто  меѓународната заедница се залага за продолжување на мандатот на СЈО и му дава поддршка на ова обвинителство.

За Бејли, многу е важно работата да се заврши до крај и да се утврдат фактите за да се расчистат сомнежите дали и кој вршел злоупотреба.

Прашан да го соопшти неговиот став за платформата на албанските партии, Бејли вели тој нема став, бидејќи како странски фактор не се заинтересирани за тоа.

Бејли не сакаше да ја коментира Платформата на политичките партии на Албанците, бидејќи, како што рече, тие се фокусирани на реформи во Македонија во поглед на владеењето на правото и итни реформски приоритети кои ќе ја вратат земјата на евроатлантскиот пат.

Американскиот амбасадор не е сигурен дали нпови избори би ја решиле кризата, затоа што никој не може да знае дали ќе се промени соодносот на силите на политичката сцена.

Џес Бејли вели дека е среќен да одговори на сите прашања што ги добива од Конгресот во врска со програмите на  УСАИД . Грантовите кои тие ги доделуваат не поддржуваат или финансираат политичка идеологија или партија, туку иститите се наменети за развој на општеството во полето на правата на граѓаните или образованието. Во овој контекст, на ФБ страницата на амбасадата вака беше информирано за интервјуто и поентите од него:

Амбасадорот на САД, Џес Бејли информираше и дека одговорил на писмото на конгресмените кои побараа од него да го направи тоа и дека во одговорот нема податоци кои може да бидат компромитирачки за работењето на Амбасадата.