Америка до 2030-та ќе испраќа луѓе на Марс

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека една од главните цели на американската вселенска програма до 2030 година ќе биде пренос на луѓе на планетата Марс и нивно безбедно враќање назад и вети дека во следните две години приватните компании ќе можат да праќаат астронаути во Меѓународната вселенска станица.

„Поставивме јасни цели за следното поглавје на американската вселенска приказна, а тоа е дека до 2030 година ќе испраќаме луѓе на Марс и ќе ги враќаме назад, како и дека еден ден ќе биде возможен подолг престој таму, на таа планета“, напиша Обама во текстот за порталот на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен.

mars

Претседателот Обама оцени дека за остварување на таа цел е потребна континуирана соработка меѓу владата и приватниот сектор. Тој, исто така, најави дека првиот следен чекор ќе биде „излезот надвот од границите на Земјината орбита“.

„Со своите комерцијални партнери веќе работиме на создавање услови за престој и транспорт на астронаути во долги мисии длабоко во вселената, кои ќе покажат како луѓето можат да живеат далеку од Земјата, што е неопходно за патување на Марс, рекол Обама.

Тој потсети дека во текот на првите неколку месеци од неговиот претседателски мандат, американската администрација ја одобрила најголемата единечна инвестиција во основни вселенски истражувања и дека во следните неколку години биле обновени технолошките иновации на Американската вселенска агенција (НАСА).

nasa

Обама, исто така, додаде дека неговата администрација со вложување во неискористени потенцијали во вселенската индустрија им помогна на приватните компании во отварање на нови работни места.

Според неговите зборови, НАСА минатата година на Марс открила вода и пронашла докази за постоење на мраз на еден од природните сателити на Јупитер, а направила и карта на Плутон, оддалечен повеќе од три милијарди милји, во ХД резолуција.

raketa

Благодарение на работата на екипата научници на НАСА, наведе Обама, американските компании денес поседуваат повеќе од една третина од глобалниот комерцијален лансирен пазар, а пред само пет години биле речиси надвор од него, како и дека повеќе од илјада компании од САД работат на приватни вселенски иницијативи.