Ангеловски го објави списокот за Шпанија

Осум младински репрезентативци на Македонија се најдоа на списокот на Игор Алексовски за претстојниот настап на сениорскиот тим против Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Повикани се голманот Игор Алексовски, одбранбените играчи Ѓоко Зајков и Дарко Велковски, фудбалерите за врска Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев, Енис Барди и Бобан Николов и напаѓачот Кире Маркоски.

„Играчите од младата репрезентација го заслужија повикот. Остварија историски резултат со пласманот на европското првенство и сами се наметнаа за место во најдобриот тим. Уште на почеток си поставивме три цели. Првата е да направиме тим што ќе биде спој на младост и искуство, да се обидеме како таков да функционира и квалитетно да се спротивставува на секој противник и да бележиме подобри резултати во однос на претходните квалификации. За првите две мислам дека сме на добар пат да ги оствариме, останува пред нас, до крај на циклусот, да сториме се и да го подобриме рејтингот на македонскиот фудбал“, порача селекторот Ангеловски.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 7 ноември во Скопје.

Состав:

Голмани: Игор Алексовски, Филип Гачевски и Столе Димитриевски

Одбрана: Ванче Шиков, Леонард Жута, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Даниел Мојсов, Ѓоко Зајков и Дарко Велковски

Среден ред: Стефан Спировски, Езџијан Алиоски, Ферхан Хасани, Никола Ѓорѓев, Давид Бабунски. Енис Барди и Бобан Николов

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Бесарт Ибраими и Кире Маркоски