Андреј Жерновски ги собрал потписите за независна кандидатура и ѝ фрли ракавица на СДСМ

Актуелниот градоначалника на општина Центар , Андреј Жерновски, како што јавуваат неколку портали, ги собрал потребните потписи за самостоен настап на претстојните локални избори. Тој ова досега не го потврди официјално, но извесно е дека сака да се осигура доколку не ја добие потребната поддршка од СДСМ, која практично со поддршката на претходните локални избори, му ја обезбеди победата во Центар, дури по три прегласувања.

До понеделник независните кандидати треба да ги поднесат своите кандидатури.

Жерновски пред неколку месеци најави дека ќе се кандидира како независен , доколку СДСМ реши да оди со свој кандидат.

Како потенцијални кандидати од оваа партија се спомнуваат Саша Богдановиќ, кој е и шеф на изборниот штаб на социјалдемократите за локалните избори, и потпретседателот Дамјан Манчевски.