Анима Мунди: Се најадовте ли добро, Отец Пимен?

Збор два за христијанската етика, духовност, сочувствителност, совеста и свеста на Отец Пимен.

– „Бог ги љуби сите свои созданија (Псалми145:9), сите суштества на Земјата ги создал од љубов, и кој не љуби не го познава Бога, зашто Бог е љубов (1 Јованово 4:8).
– „..Сигурно ние треба да покажеме милост и нежност кон животните, од многу причини, особено затоа што тие се од исто потекло какои ние самите.” – Свети Јован Златоуст.

Кој ќе ги слуша вашите филозофирања за Бог, правда, сочувство додека се потсмевате над телото на масакрирано животно. Гледате ли подалеку од сопствениот стомак, СЕ НАЈАДОВТЕ ЛИ ДОБРО Отец Пимен“, реагираат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на фотографијата со печено прасе што отец Пимен ја шернал на својот фејсбук профил.