Анима Мунди се оградува од навредите упатени на адреса на градоначалникот Петре Шилегов

Здружението за заштита на животнитеАнима  Ун ди, се огрди од навредите упатени од поединци на денешниот протест во Скопје, по повод масовните труења на кучињата и мачките .

,,Секогаш ги и ќе ги поддржуваме протестите и јавните собири кои целат да ја подобрат заштитата и благосостојбата на животните во Македонија и не радува што денешниот собир, организиран од неформална група граѓани против слободната злоупотреба на отровите и масовните труења имаше силен одек и што не има во толкав број.

Воедно во целост се оградуваме и го осудуваме нападот од поединци упатен кон градоначалникот на град Скопје, затоа што истиот е неоснован, необјективен, избрзан и афектен. Прецизираме дека за прв пат имаме градоначалник и градска администрација која конкретно се заложува за хуман третман на животните. Даваме поддршка за градоначалникот кој :


1) веќе од третиот ден на својот мандат работи на системски промени во Вардариште , за што имавме состаноци, дефиниравме приоритети,
2) Оформи работна група во која членуваме и истата ја овласти да има пристап до секоја информација која не засега за да дознаеме што и како се случува и случувало во стационарот; Во стационарот сега се влегува слободно.
3) Одобри итни инфраструктурни интервенции во стационарот во износ од 10 милиони денари , во интерес на благосостојбата на животните
4) Благодарение на овластувањето кое од него го имаме добиено, АХВ изврши реална инспекциска посета на стационарот и го констатираше наведеното во овој допис:
5) За време на настанот со ротвајлерот не излезе со реторика која охрабрува насилство, туку повика на строги санкции на секој трујач . Во Вардариште во моментов нема масовно убивање – затоа што таква наредба не е дадена;


Драги активисти, не се сите исти. Како организација која е со години активна во одбрана на правата на животните, затоа  што станува збор за драстично поместување од мртва точка во град Скопје иницирано токму од сегашниот градоначалник, Анима Мунди се оградува од нападите и личните дискредитации насочени на градоначалникот Шилегов во текот на денешниот протест“-се вели во реакцијата на ова здружение, по повод личните дисквалификации и навреди упатени кон градоначалникот на Скопје на денешниот протест за благоссостојба на животните.