Анкети: Клинтон е во предност пред Трамп

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, во анкетите и понатаму е во блага предност во однос на републиканскиот противник Доналд Трамп, а подобрени и се шансите за победа на изборите за три дена.

Според порталот Рилклирполитикс, кој го пресметува просекот на направените анкети, предноста на Клинтон над Трамп  изнесува околу 1,8 отсто, што е за 0,1 отсто повеќе отколку вчера.

Во анкетите кои ги земаат предвид и независните кандидати Гери Џонсон и Џил Стајн, нејзината предност е 2,3 отсто, додека таа вчера била 2,6 отсто.

Шансите на Клинтон да победи на изборите на 8 ноември денес се проценети на 78,2 отсто, што е за 3,2 отсто повеќе од вчера.

Според анкетата на Ел-Еј Тајмс, Трамп е во предност за пет отсто во однос на Клинтон, што е за еден отсто повеќе од вчера.

donald-trump

Анкетата, пак, на Ај-Би-Ди покажува дека Клинтон и Трамп се изедначени кога ќе се земат во предвид и независните кандидати, но во таа иста анкета, кога се гледа само на дуелот на кандидатите на демкратите и републиканците, Клинтон е во предност за три отсто, односно за два отсто повеќе од вчера.

Клинтон во однос на Трамп има за 1,2 отсто подобри чанси во државата Флорида, една од клучните за изборна победа, додека Трамп денес е во незначителна предност во другите клучни држави, Северна Каролина и Невада, за 0,8, односно два отсто.

grafika

Трамп мора да победи во тие три држави за да има шанси да стане претседател, но во тој случај му е неопходна победа само во уште една за да добие најмалку 270 електори, колку што е потребно за победа.