Анкетните агенции во САД крахираа

Само Los Angeles Times, u во соработка на институтот USC Tracking,ја предвидоа победата на Доналд Трамп. Останататите осумдесетина агенции за анкетирање на јавното мислење и даваа предност на Хилари Клинтон.

Во просек, сите анкети покажуваа 3,3 проценти предност на Хилари пред Трамп.

Пред спектакуларниот пресврт во текот на броењето, претходно анкетниот оддел на весникот New York Times ” и даваа на Клинтон 85 проценти можност за победа.

Сега, сите се прашуваат што се случи на денот на изборите, бидејќи не се памети вакво фијаско на агенциите за мерење рејтинг.

Објаснувањата на агенциите се дека вообичаено за анкетирање се зема како примерок определеното гласачко тело, но на овие избори решија очигледно неопределените. Многу од гласачите исто така, го поддржувале Трамп, но тоа не го кажувале јавно.

Анкетите не го зеле предвид и необичниот тренд на голема излезност на белците од руралните средини.

Во Америка , постои вистинска загриженост за натамошна веродостојност на методата на анкетирање и експертите препорачуваат да се формира специјална комисија која ќе ги истражи сите слабости на досегашните формули за анкетирање.

Очигледно дека тие веќе не се доволно добри и дека треба нешто да се менува.

Сепак, размислувањата се дека треба да се продолжи со мерење на јавното мислење, но дека сега тоа треба најчесто да се прави очи во очи , бидејќи телефонските анкети не ја даваат вистинската слика и не може да им се верува на случајно анкетираните.