Антимиграциска кампања во Франција

Плакати против мигранти почнаа да се појавуваат на повеќе јавни места во Безје, градот каде што француската влада планира да изгради центар за мигранти.

Оваа иницијатива која ја покренал градоначалникот Роберт Менард предизвика негодување на јавното мислење, а властите покренале истрага за овој случај.

„Владината комисија против расизмот и антисемитизмот ќе испрати своја делегација во Безје за да ја процени ситуацијата и да одлучи дали овие плакати сугерираат расизам или некоја друга дискриминација“, соопштено е од канцеларијата на главниот обвинител во Безје.

На плакатите се прикажува група црни и црномурести луѓе со бради и качулки на главите пред катедралата во Безје со текст: „Владата ни ги наметнува“.

Безје е мал град во јужна Франција со околу 73 илјади жители.