Анѓушев:Претходното раководство на ЕЛЕМ требало да објави негативна референца за Трансмет

 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања поврзани со актуелниот тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, распишан од ЕЛЕМ, рече дека и тендерот и условите се направени од претходната раководна гарнитура.

Тој објасни дека минатото раководство на ЕЛЕМ имаше распишано тендер за ископ во РЕК Битола, дека на тој тендер имало негативно поддавање:

„Овде морам да кажам дека Владата на Република Македонија, и сите јавни претпријатија, мораат да работат согласно законите во државата. Во моментот се анализираат сите понуди што конкурирале на тендерот, вклучувајки ја и компанијата што дала најповолна цена, и при тоа, доколку нивната понуда е во колизија со законите, таа понуда ќе биде одбиена. Доколу нема такво нешто, јас би се фокусирал на две други прашања. Првото е зошто судот ја отфрли блокадата за  сметката на таа компанија, кога веќе било утврдено дека нејзиното работење не било во согласност со законот, и второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе беше разотркиен таквото работење на таа компанија, распиша тендер во кој не објави негативна референца, согласно Законот за јавни набавки, за оваа компанија. Мислам дека одговорите треба да се бараат во тие две насоки“, истакна Анѓушев.

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања нагласи дека „најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто истата компанија до вчера наплаќала од 90, а во одделни ситуации и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а денеска истата компанија е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари. Моето прашање е каде завршила разликата од тие пари, и зошто тие цени не се остигнувани и претходно?-рече Анѓушев.

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, по повод Денот на рударите, денеска беше во рудникот Бучим за да им го честита празникот на рударите.