Анѓушев: Макстил е исклучително значајна компанија

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, присуствуваше на свеченоста со која се одбележаа 20 години од формирањето на компанијата Макстил и 50 годишнината од постоење на челичната индустрија во Република Македонија.

Во своето обраќање пред присутните Анѓушев честитајќи ги двата значајни јубилеи истакна дека челичната индустрија е зачетник на индустрискиот развој на Република Македонија, една од најдолговечните и суштествено важни гранки за економски развој на земјата.
 Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека Макстил во изминатите години инвестираше околу 70 милиони евра во модернизација, уредување на просторот, како и во проекти за заштита на животната средина. Според потпретседателот на Владата она што е особено позитивно во работењето на компанијата е нивниот фокус кон извозот на производите.
 „Макстил е исклучително значајна компанија, со оглед на тоа дека станува збор за  извозно ориентирана компанија. Ние сме мала земја и доколку сакаме да имаме раст на Бруто домашниот производ од 5-6%, извозот мора да учествува со околу 60-70% во БДП. Во таа насока, за поддршка на компаниите Владата креираше сет на мерки, наречени План за економски раст со кои ќе се поттикнат компаниите во нивниот раст и развој. Компаниите може да сметаат на Владата како нивен партнер во работата“ потенцираше Анѓушев.
 Металургијата – вадењето метални руди и производството на основни метали се значаен индустриски сектор. Оваа гранка е од голамо значање за националната економија, со директно учество во создавањето на БДП од 5,73%, додека индиректно, преку мултипликативните ефекти металургијата учествува со над 33.53% во националниот БДП. Оваа индустрија учествува со околу 13% во вкупниот национален извоз, што е уште еден показател за значајноста на индустријата