Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на Сеад Кочан и предметот го врати на почеток

Апелациониот суд Скопје известува дека, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 6.6.2017 година, донесе решение КСЖ-245/17, при што постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изјавена против решението на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје Скопје, во делот кој се однесува на мерката за обезбедување присуство на обвинетиот – определената гаранција, одлучи, истата да ја уважи и првостепеното решение, со кое е прифатена гаранцијата поднесена од одбраната на осомничениот С.К. од С., го укина и предметот во овој дел го врати на повторно постапување и одлучување на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје. Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите-се вели во соопштението на Алелационен суд.