Арсенал одби 50 милиони фунти за Санчез

На два дена пред за завршување на преодниот рок Арсенал одби понуда на Манчестер Сити од 50 милиони фунти за голгетерот на тимот Алексис Санчез, соопштија „топџиите“.

Портпаролот на Арсенал изјави дека клубот добил неформално барање од Сити, но бил одбиен под изговор дека Санчез не е на продажба. Претставникот на клубот ги негира и информациите дека во договорот бил вклучен и англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг.