Од Нови Пазар во Србија доаѓа неверојатна приказна  за упорноста на 60 годишната Атифа Љајиќ, која по повеќе неуспешни обиди преку вонтелесно оплодување, конечно на свет донесе здраво женско бебе. Таа во Србија е втора родилка на оваа возраст што успеала да износи и роди дете.

Мајката и нејзиното бебе вчера биле донесено од Клиникита за гинекологија во Белград во нејзиниот роден град, известува РТС.

Љајиќ живее скромно во подстанарска соба во Нови Пазар, но таа е пресреќна што конечно и се исполнила желбата да стане мајка. За РТС зборува дека и покрај нејзините поодминати години и лошата здравствена состојба, ќе стори се да се грижи како што треба за своето дете.

Сепак, нејзиниот сопруг со кого е осум години во брак, а нему ова му е втор брак, по раѓањето на детето решил да ја напушти:

 

Сопругот Шериф Нокиќ цело време бил со Атифа за време на бременоста и породувањето, со што, вели тој, завршува неговата обврска.

,,Таа е среќна и го доби тоа што го сакаше“-вели Шериф и без многу да објаснува најави дека сега тој ќе замине. Не сака на малата Алина да и го даде неговото презиме, иако е нејасно зошто, бидејќи тој е биолошкиот татко. Тој за РТС изјавил дека се согласил да учествува во вонтелесното оплодување на неговата втора сопруга, само за да и го исполни долгогодишниот сон.

Извор:РТС