Атлетико подобар од Баерн, Сити се „извлече“ со Селтик

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија на свој терен Баерн Минхен со 1:0, во дербито на второто коло од Лигата на шампиони. Стрелец беше Јаник Фереира Караско во 35 минута.

Атлетико беше подобар, а во 80 минута пропушти прилика да забележи поубедлива победа, затоа што Антоан Гризман промаши пенал.

Ростов и ПСВ во Русија играа нерешено 2:2. Двоен стрелец за домашната екипа беше Дмитриј Полоз во осмата и во 37 година, а головите за гостите ги постигнаа Дави Пропер во 14 и Лук Де Јонг во допонувањето на времето во првото полувреме.

ПСВ во 56 минута пропушти шанса за победа. Де Јонг промаши пенал

Шпанскиот клуб е прв на табелата во групата Г со шест бодови, Баерн е втор со три, додека ПСВ и Ростов имаат по еден.

barcelona

Фудбалерите на Барселона, во второто коло во Групата Ц, ја победија Борусија Менхенгладбах во гости со 2:1.

Домаќините во 34 минута го отворија резултатот. Торган Азар стрелаше прецизно и ја доведе својата екипа во водство од 1:0. Во второто полувреме се случи пресврт. Прво во 65 минута погоди Туран, а девет минути успешен беше Жерар Пике.

Барселона со оваа победа изби на првото место во табелата, искористувајќи го кискот на Манчестер сити кој во Глазгов играше нерешено 3:3 со Селтик. Сити на овој натпревар се „извлече“, затоа што шкотската екипа три пати беше во водство.

Предноста на Селтик ја донесоа Муса Дембеле во третата, Рахим Стерлинг со автогол во 20-та и повторно Дембеле во 55 минута, додека англискиот клуб изедначуваше со головите на Фердинанд во 12, Стерлинг во 28 и Нолит во 55 минута.

Селтик со ремито дојде на третото место на табелата со еден бод, додека Борусија е последна без бодови.

napoli-dinamo

После победата над Динамо од Киев во првото коло, Наполи стигна до нов триумф во најсилното европско натпреварување. Италијанската екипа ја победи на свој терен Бенфика со 4:2 во натпревар од Групата Б.

Марек Хамшик во 20, Дрис Мартинс во 51 и 58, и Аркадијуш Милик во 54 беа стрелци за Наполи, а Гонсало Гуедеш во 71 и Едуардо Салвио на четири минути пред крајот за Бенфика.

Фудбалерите на Бешикташ и киевски Динамо во Истанбул одиграа нерешено 1:1.
Турската екипа поведе со голот на Рикардо Кваремже во 29 минута од слободен удар, а изедначи Виктор Циганков во 65 минута.

Во третото коло Наполи го дочекува Бешикташ, а Динамо на свој терен игра против Бенфика.

arsenal-bazel

Во натпревар од второто коло во Групата А фудбалерите на Арсенал во Лондон со 2:0 ја победија екипата на Базел.

Арсенал до првата победа во овогодишното издание од Лигата на шампиони стигна со головите на Тио Волкот во седмата и во 26 минута. Двата погодоци Волкот ги постигна после две прекрасни асистенции на Алексис Санчез.

И ПСЖ ја запиша првата победа победувајќи го на гости Лудогорец со 3:1.

Бугарскиот шампион поведе со голот на Натанаел во 16 минута од слободен удар. Пресвртот го најави Блез Матуиди кој во 41 минута изедначи на 1:1.

Победата на ПСЖ ја донесе Едисон Кавани со головите во 55 и 60 минута.

Лудогорец имаше прилика да внесе неизвесност во натпреварот. При резултат 2:1 за ПСЖ, домашниот играч Космин Мити не искористи пенал.

Во третото коло Арсенал го дочекува Лудогорец, а ПСЖ екипата на Базел.