Ахмети и Груевски преговараат за состав на нова Влада

ДУИ се согласи да влезе во Владата на ВМРО, без официјализирање на албанскиот јазик – пишува порталот на албански јазик Манастири Лајм.

Сигурни извори од претседателството на ДУИ потврдиле за порталот дека причината зошто нивниот лидер Али Ахмети не оди во Тирана за да се сретне со премиерот на Албанија Еди Рама, е тоа што Ахмети е во интензивни преговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за формирање на Влада во најитен можен период.

Алармирани од изборните резултати и двајцата лидери размислуваат за сите можни и невозможножи варијанти, како да се обезбедат потребните бројки за формирање на Владата и да се спречи опозицискиот блок да се договори и го преземе раководењето на Владата.

ДУИ безусловно даде збор за влегување во владата на Груевски, заобиколувајќи ги и овој пат ветувањата од предизборната кампања, како официјализирање на албанскиот јазик, статусот на поранешните борци на ОВК, и многу други клучни прашања кои влијаат на националните интереси, за кои се претпоставува дека тие се зрели за реализација.

Од друга страна, во ДУИ има и такви членови кои се скептици дека нивниот лидер ќе се впушти во една авантура со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски, но јасно наведуваат дека ако нивната партија преземе ваков чекор, ќе бидат против одлука за коалицирање-пишува порталот Манастири лајм.