Пропагандната перјаница на ВМРО ДПМНЕ, ликовниот уметник Ацо Станковски, кој во изминатиот период беше дел од пропагандната војска на оваа партија и и ги бранеше на секаков начин нивните политики, овојпат се надмина себеси. Тој во емисија на ТВ Алфа, која била емитувана во септември, објаснува зошто народот мирно ги следи случувањата во државата. Круна на се,  е и прашањето на новинарот, кој констатира дека – ,,значи така го толкувате овој мир и начинот на којшто минуваат работите?“.

Во емисијата учествувала и Елизабета Канческа-Милевска.

Погледнете го ова неверојатно објаснување на Ацо Станковски:

 

Инаку, би сакале да ги известиме читателите на АКО.мк, дека заради реакција на авторот Кире Галевски, на првично објавената фотографија со Ацо Станковски и закана со тужба од негова страна, извршивме промена на насловната фотографија од текстот.