Бадникови поворки: Вистината не ослободи, не реализиравме верско делување во училиштата

,,ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ ПОТВРДИ: Училиштата НЕ реализирале верско делување за Бадниковите поворки (целосната информација е подолу во постот)
ВИСТИНАТА СЕКОГАШ ПОБЕДУВА! Најмили наши, Вие кои тагувавте за нас што на Божик наместо да си го славиме празникот во мир и радост, ние од неколку лица бевме етикетирани и навредувани по медиумите дека сме го злоупотребиле најмилото во нашата држава -децата, ДЕНЕСКА ИЗРАДУВАЈТЕ СЕ ЗАЕДНО СО НАС! Нашата чиста вистина излезе на виделина! Никој и ништо не е злоупотребено во манифестацијата „Бадникови поворки!“
ВИСТИНАТА НЕ’ ОСЛОБОДИ! ХРИСТОС СЕ РОДИ!“-објави здружението Бадникови Поворки, на нивната ФБ страница.

Тие ја објавуваат и  информацијата на Државен просветен инспекторат:

,,Директорот на државниот просветен инспекторат, Томе Спировски изјави дека по неговото разгледување на записниците од сите градови дошол до заклучок дека училиштата не реализирале верско делување.

Вонредниот надзор на просветниот инспекторат покажал дека училиштатa немаат одговорност, бидејќи на ниту еден начин не учествувале во организирањето на манифестацијата Бaдникови поворки.

-Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето – вели Спировски.

Според Спировски досега не пристигнала ниту една претставка од страна на некој родител, па затоа не може да се зборува за злоупотреба на децата. Во однос на случаите на присуство на наставници на манифестацијата, Спировски вели дека кога наставникот е на улица тој е само граѓанин, со право на верски чувства.