Барселона го тужи Нејмар

Барселона поднесе тужба против нивниот поранешен фудбалер Нејмар за прекршување на договорот и од Бразилецот бара 9,3 милиони отштета.

Тужбата е поднесена до федерацијата на Шпанија , а отука таа треба да биде испратена до ФФ на Франција.

 

Претходно, Каталонците веќе одбија да му исплатат една премија од 26 милиони евра , па тој најави дека парите ќе ги бара на суд.

Нејмар пред десетина денови за 222 милиона евра , направи рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ.