Без јасни причини и со барање за дополнително обезбедување на Амбасадата, Србија ги повлече дипломатите од Македонија

„МНР на Република Македонија  доби нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, со која сме известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград. МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија зарди утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската Конвенција за Дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во соопштението на МНР.

Министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски потврди дека се зајакнати безбедносните мерки на српската Амбасада во Скопје.

Амбасадорката Дивјак -Томиќ за српски медиуми изјави дека МНР на Србија денеска ќе каже детали околу овој неочекуван потег.