Белгиецот Ван дер Хејден ќе му помага на Јаневски во Вардар

 

Поранешниот белгиски репрезентативец, Стефан Ван дер Хејден во новата сезона ќе му помага на Чедомир Јаневски на клупата на актуелен првак Вардар. Со црвено-црните Белгиецот потпиша двегодишен договор

48-годишниот Ван дер Хејден е поранешен капитен на Бриж, а настапувал и за Рода во Холандија како и францускиот прволигаш Лил. Има и четири настапи за белгиската репрезентација. Тој беше член на репрезентацијата на Белгија на Светското првенство (СП) во САД 1994 година. Ван дер Хејден беше дел од стручниот штаб на македонскиот тренер во неговиот претходен клуб, Васланд-Беверен.