Белградската филхармонија ја воодушеви 20-илјадната публика на Ушќе, свирејќи бесплатно и изведувајќи ги најпознатите класици под диригентската палка на светски познатите Зубин Мехта и Габријел Фелц.

Со изведување на увертирата од операта ,, Кармен“, Белградска филхармонија го започна долгоочекуваниот концерт на отворено. Според српските медиуми, кои веќе го споредија со познатиот рок концерт на Вудсток во време на хипи движењето, овде присуствувале над 20.000 посетители.

,,Вие сте најдобрата публика на светот. Ние сме Белградска филхармионија и свириме само за вас“- и се обрати на присутната публика новиот шеф-диригент  на Филхармонијата-Габријел Фелц.

Публиката, неформално облечена, седната на зеленилото, со бурен аплауз ги поздравуваше филхармоничарите после секоја изведена нумера.

Концерт Београдске филхармоније

Се свиреа- ,,Марш на Дрина“, ,,Охридска легенда“, ,,Болеро“, но и ,,Империјалниот марш“ од ,,Војна на ѕвездите“.