Белградскиот градоначалник се фати за лопата на колабираните сообраќајници

Б92 јавува дека Белград се наоѓа пред целосен сообраќаен колапс по ноќешните врнежи од снег. Белградскиот градоначалник утрината за српските медиуми изјави дека како никогаш досега, службите за чистење на снег работат, фрлени се 1200 тони сол и самиот се фати за лопата чистејќи снег пред камерите.

Но, медиумите бележат дека има големи проблеми за градските автобуси кои тешко се движат, остануваат испречени на улиците, а посебно е алармантно на мостовите преку Сава.

Инаку, Србија се соочува со големи проблеми во јужните делови каде стотици села се отсечени од светот со денови. Реките се замрзнати, дури и најголемата река Дунав од утрината замрзна на некои места. Власинско езеро е целосно замрзнато, па здружениејата за заштита на флората и фауната алармираат да се стори нешто , бидејќи се загрозени повеќе видови риба.