Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите

 

Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите, што вклучува и непречена работа на Телеком Србија во Косово. Според договорот кој се постигна со посредство на Брисел, имотот на Телеком се пренесува на ,,МТС д.о.о,, ќерка фирма на српскиот Телеком. Со ова е трајно заштитен имотот на компанијата во Косово, изјави Марко Ѓуриќ-координатор во српската влада за Косово и Метохија.

Договорот осигурува и троцифрен позивен број за географската област Косово и Метохија известува РТС, додека телефонските разговори меѓу Косово и Србија ќе бидат третирани како меѓуградски.

 

Косовската министерка задолжена за дијалогот со Србија Едита Тахири изјави дека ова е добар договор, а Коосво ќе го добие мешународниот префикс 383.

Разговорите Приштина – Белград со посредство на ЕУ се водат неколку години, а најтешко одеа преговорите за телекомуникациите и рудникот Трепча.