Белград почна да се кити со фонтани

 

Официјално започнаа работите за градење фонтана на самиот кружен тек на белградска Славија. Според градскиот менаџер Горан Весиќ фонтаната ќе биде завршена за 155 денови.

Славија ќе се уредува и со нови сообраќајници за што ќе биде распишан тендер во декемеври. Во мај треба да почне изградбата на три нови сообраќајници чија изградба треба да заврши за 180 денови.

Арапски бизнисмен пак, го гради најсакапиот проект досега -Белград на вода, за што во српската јавност имаше бројни дилеми и критики.