Бензинот поскапува еден денер, дизелот со иста цена

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, „еуросупер БС-98“ ќе поскапи за половина денар, додека цената на „еуродизел“ останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 64,50 денари, а еден литар „еуродизел“ и во наредните две недели ќе чини 48 денари.