Бериша објави дека се шверцуваат деца од Косово во Албанија за трговија со органи

Поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша на својот Фејсбук профил изнесе шокантни информации во врска со криумчарње на деца на косовско-албанската граница. Бериша сознанијата ги добил од еден албански полицаец кој побарал тие да бидат објавени јавно. Шемата била добро разработена и децата, најчесто од сиромашни семејства со фалсификувани документи биле пренесувани преку граница и носени во Албанија каде се убивани за да им бидат извадени органите за да бидат пресадени на богати клиенти-oбјави Илинден, весник на македонски јазик што излегува во Албанија.