Биба Додева како Катица Јанева на ,,Златна Буба Мара“

На последното издание на традиционалната манифестација  Златна Буба Мара на популарноста, публиката беше воодушевана и буквално се газеше од смеење од настапот на пејачката Биба Додева со две придружнички кои со преработената нумера ,,We are СЈО“, изведоа  шеговита песна зборувајќи за успесите на СЈО и обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи

Уште од порано се зборува и знае колку си личат Биба Додева и Катица Јанева, а дури во една прилика тие се сретнаа и направија заедничка фотографија:

 

Се чини Златна Буба Мара конечно го врати својот препознатлив хумористично-сатиричен стил како во најдобрите изданија, кој за волја на вистината последните неколку години се изгуби малку.

Исто така, Сашко Коцев ја насмеа публиката до солзи со својот настап и песната за Халкидики, како и со својот стил на облекување. Со геј движења и кожно одело, тој повикуваше на дружење на Халкидики.