Сончево време, со висока облачност очекуваме денеска низ земјава. Токму високата облачност која ќе биде на висина помеѓу 9 и 10 километри ќе биде индикатор за поголема релативна влажност во тој слој, а тоа ќе значи дека кондензациските траги од авионите, кои ќе летаат на таа висина, ќе се задржуваат подолго на небото.

Ветерот ќе биде сосема слаб.

Максимална вредност ќе биде во границите помеѓу 23°С и 26°С во северната и западната половина од земјата,  а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 27°С и 29°С.

Метеопро