Битолчанка се тепала со таткото и братот, па потоа сите им се нафрлиле на полицајците

На 17.02.2018 година во 22,20 часот во Битола, тројца полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) го вознемирувала. Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале М.Т. во физичка пресметка со Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т.. Полициските службеници побарале од М.Т. да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници, а при обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., додека мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејствија. Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите. По преземени мерки, Т.Т., Р.Т. и С.Т. биле лишени од слобода, додека М.Т. е пренесена во Клиничка болница Битола. По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.